Најголемиот противник на сѐ бугарско во Македонија е женет за Бугарка, јавува дописникот на БГНЕС од Благоевград.

Сестрата на сопругата на Христијан Мицкоски, Роза- Стевица Јанева, поседува бугарско државјанство. Тоа станува јасно од гласачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија што треба да се одржат на 4 април годинава. Стевица Јанева, работи како нотар во градот Струмица и има бугарски пасош. Таа може да добие таков документ само врз основ на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест. Стевица Јанева може да го искористи своето право на глас во бирачкото место бр.47 во општина Петрич.

Баџанакот на Мицкоски, Јорданчо Јанев, исто така поседува бугарско државјанство и ако сака своето право на глас може да го искористи во Благоевград во избирачкото место бр.25.

„Ако Стевица Јанева има бугарско државјанство врз докажано бугарско потекло, тогаш излегува дека и Роза Мицкоска дека е Бугарка“, стои во материјалот на БГНЕС. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е познат по својата антибугарска реторика. Тој дури и си дозволи да истакне неодамна дека ако некој каже за Гоце Делчев дека е Бугарин, ќе направи дипломатски скандал во светски размери. Не е јасно каков скандал ќе предизвика веста дека самиот тој е женет за Бугарка“, пишува во материјалот на БГНЕС.

Фото: БГНЕС