Манекенката Кендал Џенер ги отфрли гласините дека направила операција на носот, тврдејќи дека промените се резултат на лекови против акни.

Таа изјави дека никогаш не направила пластична операција и дека единствено користела „бејби ботокс“ на челото, кој не ѝ се допаднал.

Џенер посочи дека анализите на нејзиниот изглед на социјалните мрежи се штетни, особено за младите, бидејќи создаваат притисок за естетски интервенции.

За гласините за носот, таа рече дека и самата би поверувала кога гледа стари фотографии, но нагласи дека никогаш не се оперирала.

Промената ја поврзува со лек против акни, иако дерматолог објаснува дека таквите лекови не ја менуваат структурата на носот, туку само можат визуелно да влијаат преку кожата.

Текстот Кендал Џенер ги демантира гласините за операција: „Носот ми се промени од лекови против акни“ е превземен од МАКФАКС.