Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно упати критики кон Шпанија, оценувајќи дека земјата е во лоша состојба.
„Дали некој видел колку лошо стои Шпанија? Нивните финансиски показатели се ужасни, а речиси ништо не придонесуваат за НАТО и својата одбрана. Тажно за гледање“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.
Не е јасно што ја поттикнало неговата најнова реакција, но Шпанија претходно беше меѓу најгласните критичари на американската одлука за напади врз Иран.
Во меѓувреме, шпанската влада викендов организира самит во Барселона, на кој учествуваат левичарски лидери од Европа и Латинска Америка. Премиерот Педро Санчез порача дека „се забележуваат обиди за поткопување на меѓународното право“, изјава која се толкува како индиректна критика кон Трамп.
Текстот Трамп повторно ја критикува Шпанија: „Тажно за гледање“ е превземен од МАКФАКС.























