Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека повеќе од 10 земји се подготвени да придонесат со средства за одбранбената мисија, чија цел е да се врати слободната пловидба во Ормускиот теснец.
„Ќе го продолжиме ова со конференција за воениот план во Лондон следната недела, каде што ќе објавиме повеќе детали за составот на мисијата и повеќе од десетина земји веќе понудија да придонесат со средства“, изјави Стармер за новинарите во Париз, според Ројтерс.
На заедничка прес-конференција со лидерите на Франција, Германија и Италија, тој нагласи дека повторното отворање на теснецот е „глобална неопходност и глобална одговорност“.
Текстот Стармер: Повеќе од 10 земји се подготвени да издвојат средства за мисијата во Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.























