Шпанската кралица Летиција привлече внимание за време на појавувањето во Мадрид со својот сопруг, 58-годишниот крал Фелипе. Кралскиот пар посети угостителско училиште, а во таа прилика 53-годишната кралица уште еднаш покажа дека седата коса може да изгледа елегантно, модерно и многу негувано.

Природен изглед кој совршено ѝ стои

Летиција остана верна на својот препознатлив, природен стил. Косата ја носеше долга и права, со разделба на страна, а во темнокафеавата коса јасно се гледаа сиви прамени кои не се обидуваше да ги скрие. Токму тие дополнително го нагласуваа нејзиниот природен изглед и самодоверба.

Целиот впечаток го надополни со дискретни детали. Избра мали сребрени обетки во облик на молња и ненаметлива шминка, додека модната комбинација ја заокружи со светло сина блуза со машна околу вратот, парче кое со години се смета за класика на елегантната женска облека.

Порака против опсесијата со младоста
Многумина веруваат дека Летиција со ова издание испраќа јасна порака против сеприсутната опсесија со младоста и потребата по секоја цена да се сокријат знаците на стареење. Шпанската кралица веќе во неколку наврати покажа дека е блиску до естетиката на природноста и дека токму во ненаметливоста и едноставноста ја наоѓа својата елеганција.

Кралицата и кралот Фелипе, кои се во брак повеќе од дваесет години, често учествуваат заедно на јавни настани, а Летиција редовно привлекува внимание со своите одмерени модни изданија и природен изглед.

Една од најдобро облечените жени во светот

Многумина ја сметаат Летиција за една од најголемите модни икони во светот. Vanity Fair ја рангираше меѓу 10-те најдобро облечени жени, а бројни странски медиуми редовно пишуваат за нејзиниот елегантен стил, но и за нејзините едноставни и достапни модни избори. Често може да се види како носи облека од Zara, популарен шпански бренд.

Кралицата Летиција од Шпанија е поранешна новинарка и ТВ водителка, која пред да се омажи за кралот ФелиперРаботела за медиуми како што се CNN и шпанската национална телевизија TVE.

Таа е родена во 1972 година во Овиедо, а нејзиниот брак со тогашниот принц Фелипе во 2004 година ѝ ја донесе титулата принцеза, а подоцна и кралица. Таа е позната по својата посветеност на социјалните прашања, вклучувајќи го образованието, здравството и борбата за правата на жените.

Фото: ЕПА

Текстот Кралицата Летиција покажува дека седата коса може да биде многу елегантна е превземен од МАКФАКС.