Започна проектот „Среќна среда“ по иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, н. е. Ангел Ангелов.

Секоја среда сите што сакаат да се напијат чаша убаво кафе и да поразговараат со г-ѓата Ангелова, можат да го направат тоа од 10 до 11 часот во просториите на книжарницата Икона на улица „Максим Горки“ бр 17 во центарот на градот Скопје.

Проектот е со добротворен карактер, бидејќи дел од парите дадени за книги или кафе одат за Организацијата на жени жртви на семејно насилство.

Повеќе за проектот можете да научите на facebook групата Среќна среда и секако на официјалната facebook страна на г-ѓата Билјана Ангелова.