Кејт Хадсон уште еднаш докажа дека е дама со стил и вкус, а дека елегантните модни парчиња се нејзин заштитен знак.
Позната по својот беспрекорен стил, Кејт Хадсон уште еднаш докажа дека секоја нејзина комбинација на облека е добро осмислен моден потег.
Имено, актерката неодамна присуствуваше на премиерата на втората сезона од серијата „Running Point“ во Лос Анџелес, а за таа пригода избра фустан кој зрачи со чиста елеганција.
Станува збор за асиметричен фустан кој ги комбинира гламурот и минимализмот, и ја нагласува нејзината витка фигура. Овој макси фустан во бела боја се карактеризира и со минимални детали, односно единствениот забележлив детаљ беше црната јака.
Кејт го надополни својот едноставен аутфит со шминка во земјени тонови, а косата ја фати во пунџа која ја истакнуваше нејзината природна убавина.
Текстот (Видео) Толку едноставно, толку убаво: Кралицата на гламурот повторно заведува е превземен од МАКФАКС.























