СВР Куманово поднесе кривична пријава против 45-годишниот Р.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“.
Пријавениот, како вработен во Министерство за финансии – Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, овозможил донесување и спроведување на решенија за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на Д.Б. и Н.А.А., при што со своето постапување директно ја нарушил законитоста на управната постапка и овозможил стекнување на државен имот без правен основ.
Во предметите е утврдена недозволена промена на идентитетот на подносителите, односно решенијата се издадени на лица различни од заведени во службените книги. Воедно, предметите не биле правилно евидентирани, содржеле контрадикторни податоци, а дел од документацијата не била достапна со што се создава сомнение за нејзино прикривање или уништување.
Во решенијата се наведени непостоечки записници, внесувани се невистинити податоци, а не е известено ниту државното правобранителство, што е задолжително. Притоа, со ваквото постапување е нарушена законитоста на управната постапка и овозможено е противправно стекнување на државен имот.
Текстот Кривична против вработен во Управа за имотно-правни работи за „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ е превземен од МАКФАКС.























