Џенифер Лопез и Брет Голдштајн станаа главна тема на разговор, a сето тоа поради нивната хемија на снимањето на филмот „Office Romance“. Поп дивата и британскиот актер, според „Дејли меил“, наводно се зближиле за време на снимањето на гореспоменатиот филм, и меѓу нив се развила посебна врска.
„Тие соработуваа одлично уште од самиот почеток, а хемијата меѓу нив беше електрична, што публиката ќе ја види“, рече изворот, додавајќи: „Беа многу блиски, постојано се смееја и многумина се сомневаа дека има нешто повеќе меѓу нив“.
За да ја направи приказната поинтересна, друг извор коментираше за „The Sun“ на следниов начин:
„За време на вечерната забава, тие не се одвоија еден од друг додека се дружеа со остатокот од глумечката екипа. Многу се забавуваа за време на снимањето и тоа беше токму она што ѝ требаше на Џенифер по Бен Афлек. Тој ѝ врати насмевка на лицето“, рече тој.
Истиот извор додаде дека наводно на снимањето може да се слушнат шеги дека Брет е „британската верзија на Бен“. Џенифер дури и коментираше за својот колега во една емисија, поточно „Watch What Happens Live“.
„Ќе кажам дека штотуку снимав филм со Брет Голдштајн и дека бакнежот што го имав на снимањето со него беше најдобар“, заклучи таа.
Двајцата сè уште не коментирале за овие медиумски шпекулации…
Текстот Џенифер Лопез во врска со колега? Сите велат: „Тој е британската верзија на Бен“ е превземен од МАКФАКС.























