Седуммесечно бебе почина откако беше оставено во жежок автомобил во американската држава Тенеси, соопштија властите. Полицајците одговорија на пријава за бебе во несвест во автомобил во близина на библиотека во Монтереј во четвртокот попладне, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Патнам, пренесува ABC News.
Бебето „можеби било во возилото со часови со изгаснат мотор и затворени прозорци“, соопшти канцеларијата на шерифот.
Властите соопштија дека истрагата за трагичниот инцидент е во тек. „Ова е ужасна трагедија“, изјави шерифот Еди Фарис во соопштението. „Како што се зголемуваат температурите, ве молиме одвојте еден момент за секогаш да ги проверите вашите возила. Едноставна проверка може да го спаси животот на детето“, додаде Фарис.
Втор смртен случај во САД оваа година
Ова е втор смртен случај на дете во загреан автомобил во САД оваа година, според националната непрофитна организација KidsAndCars.org. Истата организација вели дека од 1990 година, најмалку 1.172 деца починале во загреани автомобили во САД.
Текстот Бебе почина во САД откако со часови било оставено во загреан автомобил е превземен од МАКФАКС.























