Во село Виничани, Општина Градско непознати сторители ја искршиле оградата која беше поставена околу селската џамија. Џамијата во Виничани е изградена пред повеќе од 400 години. Иако дел од селаните со исламска вероисповед на Виничани иницирале и барале од локалните власти да им дозволи да ја саниранаат, за да имаат каде да ги вршат верските обреди не наишле на слух и не им било дозволено од страна на Општината Градско, каде припаѓа селото Виничани.
Деновиве со помош на донација, прописно беше поставена ограда околу објектот, со цел да се заштити од узурпација и целосно уништување.
Меѓутоа вчера во вечерните часови група несовесни жители на селото ја искршиле оградата, што предизвика гнев и револт кај жителите муслимани од Виничани.
По повод ова се огласи и градоначалникот на Градско, Роберт Бешовски. Како што вели тој, Општината воопшто не е поврзана со оградувањето на џамијата, ниту била известена. Сепак, додава дека фирмата која вршела оградување на селските гробишта, а која поседувала имотен лист пред еден месец известила дека ќе го оградува дворното место на таа џамија. Тој наводно им рекол да се откажат од намерата, со цел да не се предизвикаат тензии. Но, во денешниот статус на Фејсбук градоначалникот вели дека некој сака намерно да ја наруши односите на жителите кои се со мешан и етнички состав.
-Општина Градско не е од вчера мултиетничка заедница. Во општина Градско има неколку населби во кои населението е во мешан состав и тоа од повеќе националности и досега не се случил ниеден инцидент со меѓуетнички карактер.
Жителите на општина Градско меѓусебе се почитуваат, си помагаат, делат исти патишта и пасишта, си ги честитаат празниците, едноставно се меѓуетнички кохезирани.
Но очигледно на некого му смета оваа хармонија и сака да ја искористи за ниски политички цели. Сака да ги раскара жителите, да ги подели и да ја обвини општината за полесно да дојде на власт на престојните избори, но нема да им и успее.
Граѓаните на општина Градско се чесни. Оваа наместена игра од страна, јас нема да дозволам да прерасне во меѓуетнички конфликт. Ќе се покренат сите институции и ќе се најде виновникот за овој скандал и за овој обид на рушење на единството. Таа џамија е значајна не само за верниците од муслиманската вероисповед, таа е културно исторски споменик стар четири века со кој се гордееме и кој го чуваме. Тој што се дрзнал да ја сруши оградата на приватен имот на кој сопствениците имаат легални документи ќе одговара пред институциите.
Во понеделник ќе одржам средба и со претставници од месната заедница на с.Виничани и со претставници од Исламската Верска Заедница, вели градоначалникот на Градско Роберт Бешовски.
Општина Градско не е од вчера мултиетничка заедница. Во општина Градско има неколку населби во кои населението е во…
Posted by Robert Beshovski on Thursday, 25 February 2021