Норвешка и Украина ќе ја зајакнат својата билатерална одбранбена соработка, вклучително и производството на украински беспилотни летала во нордиската земја, се вели во соопштението на норвешката влада.

Според договорот, Норвешка ќе го поддржи производството на беспилотни летала во Украина, додека Украина ќе споделува податоци, информации и знаење со Норвешка. Украинските беспилотни летала ќе се произведуваат и на норвешка територија.

„Можеме да учиме од искуствата што Украина ги стекнува во оваа тешка борба против руската агресија“, рече премиерот Јонас Гар Сторе на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Норвешка, заедно со другите нордиски и балтички земји, цврсто ја поддржува Украина. Осло е еден од најдарежливите поддржувачи на Киев по глава на жител.

Владата на Сторе воспостави долгорочен план за финансирање на Киев, со поддршка на сите партии во парламентот, од околу 28 милијарди долари помеѓу 2023 и 2030 година.

Претходно во вторник, Зеленски се сретна со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин. Двајцата лидери се согласија за соработка во одбраната, вклучително и производство на беспилотни летала, за кои Зеленски вели дека би можеле да станат едни од најголемите во Европа.

Текстот (Видео) Украина ќе произведува дронови во Норвешка е превземен од МАКФАКС.