Секогаш беспрекорно облечена, Јелена Розга и овој пат пронајде начин да ги почасти своите бројни обожаватели со прекрасни сцени. Имено, пејачката неодамна објави фотографија од себе на Инстаграм, а вниманието на јавноста го привлече со лежерното издание.

Таа реши да покаже како изгледа нејзината дефиниција за моден тренд „тивок луксуз“. Таа избра сако од Гучи кое го комбинираше со класични фармерки со рамен крој. Под сакото носеше беж елек, како и бела маица.

Аутфитот го надополни со темно кафеави мокасини, а забележливи беа и луксузни додатоци – зелено-црвена чанта од Гучи која беше во контраст со неутрални тонови и очила кои го заокружуваа овој аутфит.

Текстот (Фото) Без грешка: Дефинитивно ќе ви се допадне ова издание на Јелена Розга е превземен од МАКФАКС.