Од ВМРО-ДПМНЕ упатија критики до Венко Филипче и раководството на СДСМ, повикувајќи го да се огради од поранешниот премиер Зоран Заев.
Во соопштението се наведува дека Филипче треба да се дистанцира од, како што тврдат, „сомнителни проруски бизнис партнери“ поврзани со Заев, при што се споменуваат имиња како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко и Борче Марковски.
Од ВМРО-ДПМНЕ го посочуваат и случајот од 2020 година со урбанистички план во Тетово, за кој тврдат дека овозможил заработка од околу 200 милиони евра за бизнисменот Дака, кој, како што наведуваат, се наоѓа на црната листа на САД. Воедно, бараат одговор дали постоел договор за процент од продажбата на становите.
„Филипче, затоа помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави“, се наведува во соопштението.
Партијата оценува дека приоритет на Филипче треба да биде стабилизирање на СДС, која според нив бележи пад на изборите и губење на поддршката.
Во соопштението се додава дека доколку продолжи истата политика, СДС може да се соочи со исчезнување од политичката сцена, а наводите за криминал, како што наведуваат, треба да бидат предмет на истрага од надлежните институции.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Помалку грижи се за избори во други држави, огради се од Заев е превземен од МАКФАКС.























