Кремљ одби да го продолжи велигденското примирје во Украина, кое истекува во недела навечер, сè додека Киев не прифати услови што би овозможиле гарантирање на „интересите и целите“ на Москва.

„Додека Володимир Зеленски нема храброст да ја преземе оваа одговорност, специјалната воена операција ќе продолжи по истекот на примирјето“, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот, во интервју за државната телевизија емитувано во недела.

Еден ден претходно, украинскиот претседател Зеленски во своето дневно обраќање рече дека би било „коректно“ да се продолжи примирјето, додавајќи дека тој го дал предлогот до Москва.

Но, Песков рече дека примирјето е „хуманитарен гест“ на Путин.

„Путин ѝ нареди на руската војска да остане во висока готовност во случај на провокации“, рече Песков.

Рускиот претседател објави привремено велигденско примирје на 9 април, кое треба да заврши на полноќ по локално време во недела.

Зеленски, чии претходни предлози за примирје беа отфрлени од Москва, се согласи на примирје.

Но, Русија и Украина во неделата се обвинија меѓусебно за кршење на 32-часовниот прекин на огнот, известувајќи за повеќе од илјада напади со беспилотни летала и гранатирање само неколку часа откако примирјето стапи на сила во саботата, по повод Велигден.

Текстот Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје: „Зеленски нема храброст да ги прифати условите“ е превземен од МАКФАКС.