Албанската водителка Ева Мурати (30) предизвика возбуда само со едно видео на Инстаграм. Ева води емисија посветена на фудбалски натпревари, а видеото што го започна „хаосот“ е снимено непосредно пред натпревар.
Тесниот, црн, краток фустан ги излуди милиони луѓе кои ја следат и ја „лајкуваат“, а убавата Ева малку остави простор на имагинацијата.
Како што се очекуваше, не требаше долго профилот на убавата Албанка да биде преплавен со коментари.
„Ме шармираше“, „Подготвени сме за фудбал“, „Убава Ева“, „Изгледаш совршено“, „Гледам само поради тебе“, беа само дел од коментарите.
Која е Ева Мурати?
Ева Мурати не стана позната само како убава и згодна водителка, покрај тоа, таа многу добро го познава фудбалот и веќе се прослави во бројни емисии сè додека не стана лице на вечерта на Лигата на шампионите.
Покрај работата како водителка, таа е и модел и актерка, има 30 години и дипломирала на Правниот факултет.
Таа беше и Мис Универзум Албанија, а во тоа време отворено зборуваше за тоа како се залага за правата на животните и е многу посветен член на Албанскиот Црвен крст.
Текстот (Видео) Сите гледаат фудбал поради згодната Албанка е превземен од МАКФАКС.























