Паулина Поришкова станала модел на само 15 години и се соочила со суровите правила на модната индустрија, што значело дека слушала што ѝ се кажува без прашања.

Познатата манекенка Паулина Поришкова проговори за суровоста на модната индустрија и со што се соочила во текот на нејзината долга и успешна кариера.

Како што вели самата, била заглавена помеѓу светот на модата каде што морала да се докажува и мајка која никогаш не ѝ обрнувала доволно внимание. Поради сето ова, била навикната да прави што ѝ се кажувало.

„Кога почнав да се занимавам со манекенство на 15 години, приказната се повтори. Најбрзиот начин да се извлечам од непријатна ситуација беше да го направам она што се бараше од мене. Ако тоа значеше да ја соблечам кошулата или да правам нешто друго, едноставно би го направила тоа затоа што тоа беше најлесниот начин да им угодам на луѓето“, рекла таа, според PageSix.

Паулина го имала ова мислење уште како дете, а ситуацијата со нејзиниот татко ја натерала да сфати дека не е сакана поради тоа каква што навистина е.

„Кога имав околу три години, гледав претстава со татко ми и тој ме охрабри да излезам на сцената. Се сеќавам дека светлата беа толку светли што не можев да ги видам моите родители или ништо друго освен сцената. Мислев дека ако ја отпеам песната што е можно поскоро, ќе се симнам. Се чинеше дека на моите родители повеќе им се допаѓам ако правам такви работи, инаку не ми обрнуваа толку внимание“, откри моделот.

Паулина чувствувала дека секогаш мора да се однесува беспрекорно за да биде од интерес за луѓето и дека на никого не му е гајле како се чувствува.

Текстот „На 15 години правев сè што ми кажуваа, дури и се соблекував – тоа е најлесниот начин да им угодам на луѓето“ е превземен од МАКФАКС.