Иранската војска изјави дека „ги држи прстите на чкрапалото“ поради повеќекратното „кршење на довербата“ од страна на САД и Израел, соопшти Централната команда на Хатам ал-Анбија, според новинската агенција Тасним.

Војската додаде дека Иран нема да се откаже од Ормускиот теснец, врз кој ја презеде контролата.

Претседател на иранскиот парламент: Разговорите со САД не можат да започнат без прекин на огнот во Либан
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека разговорите со САД не можат да започнат додека не се исполнат два клучни услови, прекин на огнот во Либан и ослободување на замрзнатиот ирански имот.

„Двете мерки за кои страните меѓусебно се согласија сè уште не се спроведени, прекин на огнот во Либан и ослободување на замрзнатиот ирански имот пред почетокот на преговорите“, напиша Галибаф во објава на Икс.

„Овие две прашања мора да се исполнат пред да можат да започнат преговорите“.

Текстот Иран во пресрет на преговорите: Нашите прсти се на чкрапалото е превземен од МАКФАКС.