Крис Џенер поднела документи за регистрирање на неколку различни брендови за убавина и нега на кожата како „Kris Jenner Beauty“, „Kris Jenner Skin“ и „Kris Jenner Skincare“, пишува „TMZ“.
Имено, 65-годишната мајка на славните Кардашијанс, има план да создаде сопствена империја за убавина и ќе го користи своето име на широк спектар на производи за коса, кожа, нокти, очи, плус козметика и мириси или скоро сè што луѓето користат за да изгледаат и мирисаат убаво.
Ќерките на Крис, веќе со години се во тој бизнис. Ким има огромна империја за убавина а Кајли Џенер има сопствена линија на козметика и шминка што ја направи милијардер, додека Клои и Кортни имаат козметички линии со Кајли.
Засега, Џенер не ги коментирала јавно овие планови.