Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода 64-годишниот З.К. од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа.
Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.
По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Уапсен радовишанец: се сомничи дека предизивикал пожар на планината Плачковица е превземен од МАКФАКС.























