„Со изборот на Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Христијан Мицкоски официјализираше уште една алка во својата бизнис мрежа во енергетиката. Уште една институцијата што треба да ги штити граѓаните, сега станува алатка за задоволнување на бизнис интерес“, велат од СДСМ.

„Тело кое ги одредува цените на струјата, горивата и енергенсите е ставено под контрола на партиски човек на Мицкоски со директни бизнис интереси во секторот.

Ристов не е само поранешен функционер на ВМРО-ОКГ, туку и бизнисмен во енергетиката со мали хидроцентрали – ист бизнис како и Мицкоски.

Човек кој профитирал од струја, сега ќе одлучува за цената на струјата.

А непосредно пред изборот, Ристов формално се повлекува од сопственоста на компаниите – класичен пример на „чистење“ пред функција.

Бизнис операција осмислена да се вклопи во бизнис мрежата на Мицкоски во која клучна улога има Сања Божиновска и „Руднап“. Почнувајќи од Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул, преку офшор структурите на Кипар, па се до поврзаноста со „Руднап“на Војин Лазаревиќ.

Сите делчиња од својата мрежа Мицкоски ги има наместено, од производство и увоз на струја, продажба, па сега до институцијата што ги одредува цените.

Во светот цената на горивата падна драстично ама во Македонија нема намалување на цените кои се зголемија за дури 38%.

Кога граѓаните денеска плаќаат поскапо гориво, кога добиваат повисоки сметки за струја – тоа е резултатот на мрежаа која заработува додека граѓаните осиромашуваат. Сѐ е бизнис за Мицкоски“, соопшти СДСМ.

Текстот „Ацо Ристов е уште една алка од бизнис мрежата на Мицкоски“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.