Угостителите продолжија со протестите, но наместо да ја блокираат крстосницата во Автокоманда, се одлучија да постават маси за свадби пред зградата на Владата. Таму го пречекаа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој за да разговара со нив седна на една од поставените маси. Угостителите се гневни што не се прифаќаат нивните барања за организирање на свадби во периодот што следува со однапред утврдени протоколи. Сепак, Фатмир Битиќи порачал дека одлуката не е на владата, туку препораките за протоколите и за тоа кој смее, а кој не да работи и на кој начин ги прави комисијата за заразни болести. Од владата остануваат на ставот дека нема да дозволат организирање на свадби се додека таква одлука не донесе комисијата за заразни болести. Протестот траеше од 15 до 17 часот, а целта е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Организаторите бараат да се вратат во функција сите дејности како што се музичари, фоторафи, ателјеа за венчаници, студиа за декорации, слаткарници, цвеќари, шминкери