Хајди Клум беше ѕвездата на црвениот тепих на премиерата на филмот „The Drama“ заедно со нејзиниот син Хенри Самуел.
Познатата манекенка Хајди Клум прошета по црвениот тепих со својот син Хенри Самуел, а и мајката и синот привлекоа внимание, секој на свој начин.
Иако сме навикнати зачудувачката Германка секогаш да биде провокативна, овој пат таа го остави таквото издание за социјалните мрежи и позираше на премиерата во долг бел капут-фустан, додека косата ја пушти во нежни бранови, како и обично.
Нејзиниот син, Хенри, привлече многу повеќе внимание, има 20 години, е висок 191 сантиметар и веднаш го привлече вниманието на сите.
Тој дури беше модно координиран со својата позната мајка, па позираше во црно класично одело со сатенски додатоци.
Хенри Самуел е исто така во светот на манекенството и нагласува дека гради кариера независно од своите познати родители.
„Сестра ми Лени и јас често ја посетувавме мајка ми на снимање и сè ни изгледаше интересно. Секогаш изгледаше дека таа се забавува одлично на снимање, па сакав и јас да го доживеам тоа“, неодамна изјави тој за списанието PAPER.
Текстот (Видео) Згодниот наследник на позната Германка ги полудува жените: Ќе биде попознат од мајка му е превземен од МАКФАКС.























