Од 2013-та година, до денеска, медицинска опрема за третман на пациенти болни од рак не е ставена во функција. Скандалот го објави Радио Слободна Европа. Како што објавија тие, машините за лекување на малигни заболувања планирани за болниците во Битола и во Штип, за сето ова време биле сместени во магацин поради доцнење на изградбата на бункерите неопходни за нивна употреба. За некои од апаратите е истечена и гаранцијата за исправност, според ревизорските извештаи.

Еден од набавените линеарни акцелератори наменет за штипската болница, со години стои во магацин, бидејќи за него не е изграден соодветен бункер.

Од друга страна, линеарниот акцелератор кој бил наменет за Битола е поставен, но две години не е пуштен во употреба. За старт на неговата употреба и натаму се чека да биде обучен кадар за да работи со него, односно медицински лица допрва посетуваат обуки, пишува Радио Слободна Европа.