Американскиот претседател, Доналд Трамп, упати нова, остра закана до иранските власти, најавувајќи масовни напади врз критичната инфраструктура доколку не се одблокира Ормутскиот теснец.

„Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè во едно, во Иран. Ништо слично нема да има. Отворете го проклетиот теснец, вие луди гадови, или ќе живеете во пекол – само гледајте!“, напиша Трамп на Трут Соушал, додавајќи „фала му на Алах“ на крајот.

Оваа закана е најнова во низата ултиматуми што тој ги постави за време на војната.

– 21 март: Трамп се заканува дека ќе ги „уништи“ енергетските капацитети на Иран ако не го отвори Ормутскиот теснец во рок од 48 часа.

– 23 март: Тврди дека разговорите се „многу добри и продуктивни“ и ги одложува нападите врз енергетската инфраструктура за пет дена.

– 27 март: Најавува десетдневна пауза во нападите врз иранските енергетски постројки, до 6 април.

– 4 април: Дава уште еден рок од 48 часа и се заканува дека „ќе дојде пеколот“ за Иран ако не попушти.

Иран вчера одговори на новиот ултиматум. Во соопштението објавено од иранските државни медиуми, се вели: „Не заборавајте дека ако агресијата се прошири, целиот регион ќе стане пекол за вас. Илузијата за пораз на Исламската Република Иран се претвори во мочуриште во кое ќе потонете“.

Текстот Трамп со нова закана за Иран: „Отворете го проклетиот теснец, вие луди гадови, или ќе живеете во пекол – само гледајте!“ е превземен од МАКФАКС.