Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за намалување на акцизите на горивата, со цел да се амортизира наглиот скок на цените на светските берзи предизвикан од војната на Блискиот Исток.
Според новата одлука, акцизата за дизелот се намалува за 4 денари по литар, додека за безоловните бензини од 95 и 98 октани намалувањето изнесува 2 денари по литар.
Дополнително, Владата одлучи да ја продолжи примената на повластената стапка на ДДВ за горивата од 10 отсто (наместо редовните 18%) до крајот на кризната состојба, која истекува при крајот од месецов.
Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека без намалување на ацизата, литар дизел ќе беше над 102 денари, а бензините ќе беа поскапи за 1,5 до 2 денари.
Тој информираше дека е постигнат договор со најголемиот снабдувач за продолжување на попустот од 3 денари за дизелот и 2 денари за бензините до крајот на април.
„Кога сето ова ќе се анализира, доаѓаме до цена која за дизелот ќе биде иста како и до сега, доколку се вкалкулира попустот од 4 денари за акцизата и 3 денари што го добиваме од ОКТА, така што ги амортизираме потенцијално 7 денари зголемување по литар, додека кај безоловните бензини од 95 и 98 октани, покрај 2 денари акциза по литар, ќе имаме 2 денари по литар намалување, односно ќе бидеме 2 денари во минус од цената што беше во изминатиот регулиран период, односно изминатата недела“, вели премиерот Мицкоски.
Премиерот нагласи дека Македонија не може да биде изолирана од влијанието на глобалните процеси и притисокот врз економијата, но дека Владата делува превентивно.
Текстот (Видео) Владата ги намали акцизите на горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба е превземен од МАКФАКС.























