Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој доби Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии, извести општина Аеродром.

„Овој момент не е само административен чекор – туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом.

Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека младите се срцето и иднината на нашата заедница.

Сите млади до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат, добиваат целосно ослободување од комуналии од делот што е за Општина Аеродром.

Ова е повеќе од олеснување – ова е вистински ветар во грб, топла поддршка и силен поттик за најубавиот животен почеток“, велат од општина Аеродром

Текстот Општина Аеродром: Првото одобрение со 0 денари комуналии е веќе реалност е превземен од МАКФАКС.