Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека американските напади врз цивилни објекти нема да го натераат Иран на повлекување.

„Гаѓањето цивилни објекти, вклучително и недовршени мостови, нема да ги натера Иранците да се предадат“, напиша Аракчи на X, додавајќи дека тоа „покажува пораз и морален колапс на непријателот“.

Претходно, мост во Караџ, западно од Техеран, беше погоден во напад, при што загинаа најмалку две лица, а повеќе се повредени.

Текстот Аракчи: Нападите врз цивилната инфраструктура се знак на морален колапс е превземен од МАКФАКС.