Денеска околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица.
Лицата беа во бегство од КПУ Затвор Струмица, а претходно осудени поради сторено кривично дело по чл.236 ст. вв чл.45 од Кривичниот законик. Лицата се спроведени во КПУ Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Текстот Уапсени две лица поради бегство од затвор, претходно осудени поради извршено кривично дело „тешка кражба“ е превземен од МАКФАКС.























