Турската серија „Сулејман Величествениот“ беше една од најпопуларните серии на нашите простори. Покрај главните ликови Сулејман и Хурем, вниманието на јавноста го привлече и познатиот Зумбул-ага.

Актерот Селим Бајрактар ​​мајсторски ја одигра улогата на духовитиот, донекаде лукав Зумбул-ага, па затоа не е ни чудо што го привлече вниманието на јавноста и надвор од оваа серија.

Вистинското изненадување беше неговиот имиџ во приватниот живот, кој е во целосна спротивност со оној што го портретираше во серијата.

Селим негува природен изглед, односно долгата седа коса и брадата се негов заштитен знак, што го прави уште пошармантен. Активен е на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде објавува фотографии од својот живот и не крие дека ги сака прецизно скроените одела и фитнесот. Исто така, практикува јога и ужива во екстремни спортови, но и во поминување време со пријатели и животни.

Патем, Селим е роден во Ирак, во градот Киркук, но семејството се преселило во Турција. Дипломирал во 2000 година, а набргу потоа почнал да глуми во Турскиот национален театар. Тој ја започна својата кариера како телевизиски и филмски актер во 2006 година.

Љубовен живот
Актерот беше во врска со музичарката Битер Бајрактар ​​14 години, но во медиумите има многу малку информации за нивната љубов, а не е познато ниту дали имаат заеднички деца.

По раскинувањето со неа, Селим повторно ја пронајде љубовта во прегратките на актерката Емел Каракосе. Тие се венчаа на 1 мај 2023 година.

Текстот (Фото) Се сеќавате ли на Зумбул-ага од „Сулејман Величествениот“? Денес е непрепознатлив е превземен од МАКФАКС.