Британскиот принц Филип има инфекција и ќе остане во болница уште неколку дена, соопшти во вторникот Бакингемската палата.
Британскиот принц и сопруг на кралицата Елизабета Втора, беше хоспитализиран минатата недела, а кратко потоа од палатата потврдија дека не станува збор за коронавирусот.
еговиот престој во болницата беше продолжен, па кралското семејство, во необичен потег, реши да ја објави неговата здравствена состојба, иако не прецизираа за каква инфекција станува збор.
„Војводата од Единбург останува во болницата „Кинг Едвард VII“ каде добива лекарска помош за инфекцијата“, се вели во соопштението од палатата.
„Тој е добро и реагира на терапијата, но ќе остане во болница уште неколку дена“, додаваат од палатата.
„Колку што сум запознаен и од разговорот со него, тој е многу подобар… Со нетрпение очекува да излезе, што е најпозитивното нешто… Значи стискаме палци“, изјави синот Едвард, најмладиот
од четирите деца на принцот Филип и кралицата Елизабета за „Sky News“.