Четиринаесетгодишно девојче од Скопје е во поодмината бременост, откако мајката го пријавила случајот во полиција по извршен лекарски преглед.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата била поднесена на 28 март во раните утрински часови.

„На 28.03.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека, откако се посомневала, ја однела нејзината 14-годишна ќерка на преглед на ГАК при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје, каде што ѝ било потврдено дека малолетничката била во поодмината бременост“, информираат од МВР.

Според пријавеното, по лекарскиот преглед, девојчето признало дека во текот на летото 2025 година доброволно имало полови односи со малолетник со кој било во врска.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Текстот Мајка пријавила во полиција дека 14-годишната ќерка останала бремена е превземен од МАКФАКС.