Пред точно 6 години, на денешен ден во 2020 година, Македонија стана 30-та членка на НАТО Алијансата — историски момент, исполнет национален интерес и голем државен успех, објави во статус на Фејсбук, лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани. Така се работи за татковината кога постои желба, волја, одговорност и сериозност“.

Во време на глобални безбедносни ризици и воени конфликти, уште појасно се гледа, додава Филипче, колку оваа одлука била значајна.

Денеска, потенцира тој, зад безбедноста на Македонија стои најмоќниот сојуз во светот — НАТО!

„Сите ние сме особено горди на овој национален и државнички успех“.

Текстот Филипче: Шест години Македонија во НАТО, потврда на државничките политики на СДСМ е превземен од МАКФАКС.