Владата на Мицкоски денеска зборува за „историски договор“ за покачување плати од бедни 7% годишно? Нема 600 евра минимална плата, нема 20% покачување на платите, бедни 7%!
Во исто време Мицкоски во Собрание зборува за покачување на платите во здравството и образованието кои се од времето на СДСМ, поради законски усогласувања, истакнуваат од СДСМ.

Ова, како што додаваат, е „историско“ поигрување Мицкоски со работниците, докторите, медицинските лица и наставниците.

„Колку е ова „историско“ зголемување ќе покаже историскиот раст на цените во маркетите, со оглед дека Владата не презеде ништо и не спроведе никакви мерки“.

Просечната плата во администрацијата, оценуваат од опозициската партија, е околу 40.000 денари.

„Со зголемување од 7% тоа се едвај 3.000 денари.

Само во изминатиот месец потрошувачката кошничка поскапе за 2.500 денари.

Струјата поскапе за 3%. Цената на нафтените деривати не се стабилизира туку се покачи за 34%, што значи сите прехранбени производи ќе продолжат да поскапуваат.

Толку од „историското“ зголемување на платите. Работниците се во минус. Нема да им стигне платата сосе поачувањето ниту до 15 ти во месецот.

Како велеше Мицкоски, „колку работат, толку им се платите“.

Е па, такво е и зголемувањето. Не мора да јадат цел леб, може и по пола и нека не одат на одмор. Тоа го мисли Мицкоски за работниците, додека шета со часовници од 60.000 евра, вредни 150 минимални плати“.

Текстот Бедните 7 проценти за платите со кои мафта Мицкоски се веќе изедени од покачените цени, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.