Пејачката Дуа Липа стана глобален амбасадор на брендот Nespresso. Во оваа пригода, таа гордо позираше за промотивната кампања на брендот и привлече внимание со својата облека.

Таа носеше син кожен сет од американскиот дизајнер Вили Чаварија, а целиот стил го комплетираше со преголеми нараквици во бохо стил.

Набргу потоа, следеше прослава во Њујорк по повод оваа соработка, а во текот на вечерта таа смени дури три комбинации. Таа ги објави фотографиите на Инстаграм.

Првата комбинација беше тиркизен сет потпишан од брендот Roberto Cavalli, а е дел од колекцијата „Pre-Fall 2026“ на Cavalli. Украсен е со интересни цветни детали и крој што ја нагласува женската фигура.

Втората креација го носи потписот на брендот Balmain. Станува збор за кадифен мини фустан со цветен дезен, кој го комплетираше со црни салонки, за кои многумина тврдат дека се омразени.

@nespresso Coffee cocktails, bites and beats. Only the best to celebrate our new brand ambassador @Dua Lipa #WhatElse ♬ original sound – Nespresso

Третиот фустан беше чиста елеганција. Таа носеше миди фустан од Версаче изработен од драпиран сатен, кој е украсен со отворени рамена, но и крој што ја следи линијата на телото. Поради ова, Дуа на елегантен начин ја истакна својата завидна фигура, но и целата своја женственост.

Текстот (Фото/Видео) Промени три изданија за вечерта и сите се прашуваат – може ли да биде посекси од ова? е превземен од МАКФАКС.