Еден офицер од ирачката разузнавачка служба загина утрото во сабота, кога дрон удри близу седиштето на службата во Багдад. Властите нападот го оценија како терористички чин, а службата соопшти дека нападот е „очајнички обид да се попречи нивната работа“.

Разузнавачката служба порача дека ќе продолжи со своите задачи и дека ќе ги пронајде и уапси извршителите.

Неколку часови претходно, дрон паднал на седиштето во областа Ал-Мансур на западот на Багдад. Непотврдени извори тврдат дека нападот се случил по бегството на дел американски разузнавачи поради гранатирање на амбасадата и базата Викторија.

Напнатоста во регионот расте откако на 28 февруари започнаа американско-израелските напади врз Иран, а Техеран возврати со беспилотни летала и проектили кон Израел и заливските земји со американски воени бази.

Текстот (Видео) Ирачки офицер загина во напад со дрон во Багдад е превземен од МАКФАКС.