Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката. Голем, внимателно плетен систем во кој се поврзани политиката и бизнис интересите, истакна на прес-конференција Јон Фрчкоски – член на Извршнниот одбор на СДСМ
Овој енергетски „октопод“ на Мицкоски, како што вели, има длабоки и широки пипци.
„Од Душан Адамовиќ, функционер на СНС, навивач, човек со криминално минато и почесен конзул, преку офшор структури на Кипар води до „Rudnap Group“ на Војин Лазаревиќ, а се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.
Потоа мрежата се шири:
Во Развојната банка, каде Мицкоски ја поставува Ефимија Димовска, сопруга на неговиот бизнис партнер во хидроцентралите . За секој бизнис потребна е банка
Во РЕК Битола, каде директор станува Иван Куковски, близок до семејството на Мицкоски и поранешен советник на Божиновска. Таму се контролира производството на струја.
И конечно – во Регулаторната комисија за енергетика, со изборот на Ацо Ристов каде се носат одлуките за цените.
Сите алки се на место: Од производство и увоз на струја, преку финансии, до регулација“.
Тој го потсетува новиот јавен обвинител.
„Поминаа 3 месеци, време е за постапување, доста беше молк. Три месеци нема никаква реакција за сериозни скандали и индиции за криминал кои беа јавно објавени од АКТ.
Очекуваме итно постапување и за бизнис шемите на Мицкоски во енергетиката.
Да не чекаме уште три месеци, па повторно да дознаваме апсурди – дека на некого татко не му е татко.























