Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, ги критикуваше ставовите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој како што вели, не проговори кога САД и Израел започнаа напад врз Иран, но изрази, како што вели, „загриженост“ кога Техеран одговори.

„Емануел Макрон не изговори ниту еден збор за да ја осуди заедничката израелско-американска војна против Иран“, напиша Аракчи на својот профил на мрежата Икс, пренесува агенцијата Тасним.

Тој истакна дека Макрон молчел дури и кога Израел ги разнесе резервоарите за гориво во Техеран, изложувајќи милиони луѓе на токсични супстанции.

„Неговиот „израз на загриженост“ дури и не следеше по израелскиот напад врз нашите гасни постројки, туку по нашата одмазда. Ова е жално“, заклучи Аракчи, пренесува Танјуг.

Текстот Аракчи го критикуваше Макрон: Не проговори кога Иран беше нападнат, но се грижи за одмазда е превземен од МАКФАКС.