Регионалниот музички фестивал „Бисер Јадрана 2026“ официјално го отвори конкурсот за нови авторски композиции во категориите поп, забавна и медитеранска музика, нудејќи можност за нови хитови и голема сцена за изведувачите од целиот регион.
Конкурсот е отворен од 24-ти февруари до 24 мај 2026 година, а авторите и изведувачите треба да испратат демо верзија (mp3 формат) од својата песна, при што композициите мора да бидат целосно нови – односно претходно да не биле изведувани или објавени. Организаторите информираат дека селекционата комисија ќе ги извести сите пријавени автори дали нивната песна е прифатена најдоцна до 10-ти јуни 2026 година. Потоа избраните композиции ќе треба да ја достават финалната, аранжирана верзија на песната во master wav формат најдоцна до 1 јули.
Интересот за фестивалот секоја година расте, а годинава натпреварувачката вечер на 18-ти јули ќе обедини 24 изведувачи од земјите од поранешна Југославија – Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Македонија и Словенија. Организаторите најавуваат и директен телевизиски пренос, како и силна медиумска поддршка пред, за време и по фестивалот. За најдобрите песни се предвидени и вредни награди и фестивалски признанија.
Право на учество имаат сите автори и изведувачи од регионот постари од 18 години, а дозволени се и дуетски песни, вклучително и соработка помеѓу артисти од различни земји. За пријавување потребно е да се испрати демо снимка, името на изведувачот, називот на композицијата и имињата на авторите на e-mail адресата: [email protected].
Доколку песната биде избрана, авторите треба да достават и биографија, две професионални фотографии, како и писмена потврда за авторството на музиката, текстот и аранжманот.
https://biserjadrana.me/konkurs/
Текстот Објавен конкурс за нови композиции фестивал „Бисер на Јадранот“ 2026 – повик за пејачи, автори од Македонија е превземен од МАКФАКС.























