Првата самостојна изложба на Марјан Скрижевски со наслов „Љубов“ ќе биде отворена на 19.03.2026 (четврток), во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во 19 часот.

Марјан Скрижевски e роден 1974 во Куманово. Средно училиште завршил во гимназија „Гоце Делчев“, Куманово. Со фотографија активно се занимава во последните 10 години.

Се што знае за фотографијата има научено самостојно преку читање на интернет, гледање видеа на јутјуб и најмногу преку учење од сопствени искуства додека фотографирал.

На изложбата ќе бидат претставени цркви, езера, водопади, планини и други природни убавини од Македонија.

Текстот Изложба на фотографии на Марјан Скрижевски е превземен од МАКФАКС.