Во текот на изминатиот викенд периодот (14/15.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1198 издадени платни налози, 465 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.

„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 42 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени се 13 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 173 прекршоци за неправилно паркирање, како и 40 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 59 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкциониран е и 31 пешак. Исто така санкционирани се 112 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

Текстот 1198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење е превземен од МАКФАКС.