Тоа утро на 16 март, бевме повикани од шефот на дежурната екипа во нашата Клиника Свети Наум Охридски, пет пластични хирурзи доктор Атанасова, доцент доктор Стевковска, доктор Шапова, и доктор Груев, како и тројца специјализанти доктор Шојлев, доктор Рајковска и доктор Арџанова. Во координација со нашиот директор доктор Настов, е повикан целиот врвен тим на наши анестезиолози, комплетно подготвени нашите операциони сали, нашите инструментарки, подготвени медицинските сестри во Интензивна нега, и на нашите оддели. Во рок од час и половина, во нашата клиника се примија 30 пациенти со брза тријажа, примени 18 пациенти на Одделот за интензивно лекување, и 11 пациенти на Одделот за детска и пластична хирургија, и Одделот за урологија. Ова го истакна д-р Елизабета Обочки пластичен и реконструктивен хирург на УК за Хируршки болести „Наум Охридски“, која говореше на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.
-Внимателен, брз одговор на нашите анестезиолози, каде што кај овие пациенти немаше само изгореници, имаше инхалациона дополнителна повреда, како и интоксикација. Брз хируршки третман на сите пациенти, и брза процена на изгорената површина, кај пациентите на возраст од 17 до 47 годишна возраст, со процентна изгорена површина, нели во зависност и од самиот етиолошки фактор, докажа дека се длабоки изгореници од 7 до 40 посто, со итна фасциотомија кај двајца пациенти, пошто се функционални делови констатирани изгореници на телото, како и на лицето. Кај 10 пациенти се пристапи со итна ешаротомија, рече докторката.
Таа изрази огромна благодарност на целиот тим на доктори, и кажа дека повредените веднаш биле прегледани од трауматолозите, неврохирурзи, ренгенолози, интернисти.
-Брз и адекватен одговор од клинички офталмолог, пулмолог, огромна благодарност, токсиколог и психијатри. Огромна и брзата реакција на Владата, клиничкиот тим на искусни доктори од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тимската работа предводена од нашиот директор, и огромната благодарност и почит кон сите прво соседни држави, но и државите од Европа, за префрлање на најкритичните болни во соседните специјализирани центри за изгореници.
Огромна благодарност уште еднаш и почит, нагласи д-р Обочки.
Таа кажа дека во наредните две недели, нивната Клиника била центар за изгореници за 11 останати пациенти.
-Благодарност до израелскиот пратен тим за наша помош, каде што пристапија со ензимски третман. Третиот ден од повредите и нашиот ангажман на рана екцизија и препокривање со автотрансплантати на функционалните делови на телото, на дланките и на шаките кај шест пациенти. Огромна поддршка и нега од целиот здравствен персонал и медицински сестри, нутритивна поддршка, психијатриска нега, рече докторката.
Д-р Обочки изрази и огромна благодарност до Институтот за јавно здравје за редовните микробиолошки анализи, без кои не било возможно побрзо закрепнување.
-Со редовните микробиолошки анализи, и секојдневна помош, нашите пациенти со брзата рехабилитација, постигнавме за еден месец да си заминат дома. Но и вратените тројца пациенти, се пристапи кон лекување на тројцата пациенти со интензивно поставување на кожни трансплантати на останатите изгореници, рече д-р Обочки.
Таа нагласи дека лекувањето на изгорениците бара брз момент, и брз потег којшто може да спаси живот.
-Тимската работа, брзата реакција на Владата и стручноста, спасија млади животи, спасија иднина и соништа кај луѓето. Моите колешки изразија благодарност со присуство на конгресите во Белград, во Берлин, во Солун и во Анкара. Многу ви благодарам за целата помош и хуманоста што ја покажавте сите, заклучи д-р Обочки.
Текстот Докторката што лекувала повредени од „Пулс“ вели дека секунди биле во прашање за одлуки за спас на животи е превземен од МАКФАКС.























