Започна да се реализира уште еден проект од вториот владин повик на кој Општина Битола имаше најголем броj одобрени проекти.

Градежната механизација ја започна изградбата на пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани, а увид во работите направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.

Должината е 580 метри, а ширината на патот 3 метри, плус банкини. По поставувањето на тампон со дебелина од 25 см, ќе следи и асфалтирање.

Вредноста на овој проек е 5.421.038 денари и средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт.

Текстот Започна изградбата на патот до манастирот „Св. Меркуриј“ во Барешани е превземен од МАКФАКС.