Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го повика Израел да го запре бомбардирањето на Либан, предупредувајќи дека земјата може да колабира доколку нападите продолжат.
На заедничка прес-конференција во Анкара со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, Фидан го осуди ширењето на израелската воена кампања во регионот.
„Израел, спроведувајќи експанзионистичка политика, ја пренесува својата валкана војна во Либан. Израелските напади мора да престанат пред либанската држава да се урне“, изјави Фидан.
Тој предупреди дека последиците од војната против Иран веќе се чувствуваат низ целиот регион и дека постои сериозен ризик од проширување на конфликтот.
Фидан додаде дека не смее да се доведува во прашање територијалниот интегритет на Иран ниту да се поттикнува промена на режимот.
Фото: Depositphotos
Текстот Турција: Израелските напади се закана за колапс на Либан е превземен од МАКФАКС.























