Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека санкциите против Русија се воведени поради агресијата против Украина и дека нивното укинување би значело легализација на агресијата.

„Ако се сетиме зошто Европа, Соединетите Американски Држави и целиот цивилизиран свет воведоа санкции против Русија, санкциите беа воведени против руската агресија. Според мене, ако санкциите бидат укинати, тоа значи дека ја признаваме легитимноста на оваа агресија“, рече Зеленски пред средбата со претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, пренесува Укринформ.

Тој и се заблагодари на Клекнер што Германија го зазеде истиот став. Зеленски изјави дека вчера пристигнале 35 ракети PAC-3 за системите „Патриот“, чија испорака била договорена за време на последниот состанок во форматот Рамштајн.

Текстот Зеленски: Укинувањето на санкциите против Русија би значело легализација на агресијата е превземен од МАКФАКС.