Британскиот премиер Кир Стармер вели дека Велика Британија разговара со други земји за тоа што може да се направи заедно за да се намалат економските последици за граѓаните и компаниите.
„Колку подолго трае ова, толку е поголема веројатноста да има влијание врз нашата економија, како и врз животите и домаќинствата на луѓето и работењето на компаниите“, рече тој, како што објави Би-Би-Си.
Тој додаде дека задачата на владата е да „спречи вакви случувања“.
Стармер, исто така, изјави дека лабуристичката влада веќе направила многу за да ја направи земјата поотпорна на економски шокови, како и дека министерката за финансии Рејчел Ривс секојдневно разговара со гувернерот на Банката на Англија.
Владата, рече тој, разговара и со меѓународните партнери за мерките што би можеле да ги преземат заедно за да ги намалат можните последици за граѓаните и компаниите во Велика Британија.
Текстот Стармер: Колку подолго трае војната, толку е поголема веројатноста за економски последици е превземен од МАКФАКС.























