Оставка од Панче Тошковски после толку многу трагедии и згаснати животи е првиот чекор кон одговорност и основен услов за некаква промена на системот кој не успеа да ги заштити жртвите, велат од СДСМ.
Заедничко за сите трагедии, како што напоменуваат, е потфрлањето на МВР со кое раководи Панче Тошковски.
„За последната трагедија во Карпош, во која згаснаа животите на мајка и малолетна ќерка, во период од две години имало дури 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана.
МВР било информирано, алармирано, но реакција немало.
Во Велес, сериски насилник одзеде два животи – на младата Росица и на нејзиниот татко. МВР на Тошковски повторно потфрли. Дури шест месеци после тоа се уште се води предистрага дали 11 полицајци постапиле соодветно.
Во Старо Нагоричане, сериски убиец одзеде пет женски животи, иако жителите со години пријавувале и предупредувале МВР не реагирало навреме.
Во трагедијата во Кочани, згаснаа 64 животи, а Тошковски наместо одговорност, ги штитеше неговите началници“.
Прашуваат, уште колку трагедии и животи треба да се загубат.
Според нив, кога институциите потфрлаат и кога човечки животи се губат поради системски пропусти, мора да има политичка и морална одговорност.
„Крвави ви се рацете“.
Текстот Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски, бара СДСМ е превземен од МАКФАКС.























