Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека одлуката за тоа кога да се заврши војната со Иран ќе биде „заедничка“ и дека ќе ја донесе со премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.
Во кратко телефонско интервју, американскиот претседател, исто така, тврдеше дека Исламската Република ќе го уништи Израел доколку тој и Нетанјаху не беа на власт.
Тој рече: „Иран имаше намера да го уништи Израел и сè околу него… Работевме заедно. Уништивме земја што сакаше да го уништи Израел“.
Претседателот на САД беше прашан дали самиот ќе одлучи кога ќе заврши војната со Иран или дали Нетанјаху ќе има збор во неа.
„Мислам дека тоа е заедничка одлука… до одреден степен. Разговаравме. Ќе донесам одлука во вистинско време, но сè ќе биде земено предвид“, рече тој.
На прашањето дали Израел би можел да ја продолжи војната откако САД ќе одлучат да ги прекинат своите напади, Трамп одби да шпекулира, пред да додаде: „Не мислам дека тоа ќе биде потребно“.
Текстот Трамп: Нетанјаху и јас ќе одлучиме заедно кога да ја завршиме војната е превземен од МАКФАКС.























