Ирската актерка Џеси Бакли има исклучително успешна година и важи за една од фаворитките за Оскар за најдобра актерка благодарение на улогата на Агнес Хатавеј, сопругата на Вилијам Шекспир, во филмот „Хамнет“.

36-годишната актерка веќе освои Златен глобус и награда БАФТА за оваа улога, а многумина очекуваат дека би можела да ја добие и престижната награда Оскар. Во филмот глуми заедно со Пол Мескал.

Во интервју за „Би-Би-Си Радио 4“, Бакли откри дека глумата ѝ помогнала да се справи со проблемите со менталното здравје во тинејџерските години.

„Не знаев како да живеам на начинот на кој сакав и тоа беше тешко. Но ни за момент не жалам за тоа и мислам дека успеав да го трансформирам и да ги препознаам своите ранливости како човек во светот. Не можете да поминете низ животот без ништо да ве допре или да влијае врз вас, но можете да го претворите тоа во нешто што ќе ви овозможи да бидете почовечни и поживи на начинот на кој сакате да бидете“, рече таа.

Освен актерка, Бакли е и пејачка и претходно беше номинирана за музичката награда „Меркјури“.

Фото: ЕПА

Текстот Ѕвездата од „Хамнет“: Глумата ми помогна да се справам со менталните проблеми е превземен од МАКФАКС.