Колумбиската актерка Софија Вергара, најпозната по улогата на Глорија во серијата „Модерно семејство“, откри дека најголемото професионално жалење ѝ е одлуката истовремено да работи на два големи проекти.
Серијата „Модерно семејство“, која се емитуваше од 2009 до 2020 година, беше огромен телевизиски хит и ѝ донесе голема популарност.
Вергара изјави дека жали што во ист период ја снимала серијата „Гриселда“ за „Нетфликс“ и била судијка во шоуто „Америкас гот талент“.
„Не знам што си мислев“, изјави таа, додавајќи дека денес таа одлука ѝ изгледа „најапсурдната работа“.
Во серијата „Гриселда“ таа ја толкуваше и ја продуцираше приказната за познатата нарко-боска Гриселда Бланко. По три месеци напорно снимање имала само четири дена да се подготви за снимањето на „Америкас гот талент“, што било многу исцрпувачко.
И покрај големиот притисок, проектот бил успешно завршен. Серијата „Гриселда“ беше објавена во 2024 година и доби одлични критики, а Вергара доби номинации за наградите „Еми“ и „Златен глобус“.
Фото: depositphotos
Текстот Софија Вергара откри за што најмногу жали во кариерата: „Не знам што си мислев“ е превземен од МАКФАКС.























